Балкан
3. September 2017 - 20:34

Се споија небо и земја, големо невреме во Белград и Велика Плана

Наглиот пад на температурата и дождот кој од синоќа паѓа во Србија ќе се задржи и во наредните денови. Денеска ќе биде облачно и дождливо, а разведрување се очекува во текот на вечерните часови, соопшти РХМЗ на Србија.

Велика Плана ја зафати огромна бура нешто по 15 часот.

РХМЗ на Србија издаде предупредување за поголемо количество врнежи кои се очекуваат денеска на подрачјето на Банат и источна Србија.

Се очекува да падне меѓу 20 и 30 мм дожд во Банат и на истокот од земјата.Во повеќето градови во Србија се очекуваат попладнево силни врнежи, а навечер ќе престанат. Такво време има во Белград, Нови Сад, Суботица, Вршац, Ваљево и Ужице, а во Ниш, Чачак, Неготин и Крагуевац ќе биде облачно но без дожд.