Се спои небо и земја: Големо невреме утрово ја зафати Србија
Белград утрово нешто по 8 часот го зафати силен пороен дожд проследен со ветер и грмотевици.
Претходно, РХМЗ издаде предупредување за наоблачување од север и запад кое денеска до средината на денот ќе се прошири низ целата земја условувајќи дожд, грмежи и поголем пад на температурите како и засилен северозападен ветар,
Наоблачувањето кое во утринските часови, среде преместувањето ан студениот фронт над подрачјето на Србија, ќе ги зафати северните и западните краишта, а во текот на претпладнето и средината на денот ќе се прошири на останатите предели, условувајќи врнежи, грмежи, поголем пад на температурата како и силен, повремено бурен, северозападен ветер.
Невреме проследено со силен дожд, грмежи и јак ветер го зафати синоќа Пријепоље, каде направи голема материјална штета на овоштарниците и патната инфраструктура, а водата полави и неколку домаќинства во градот.
Покрај селските и приградските делови и главните сообраќајниц во градот беа под вода, а дождовните колектори не можеа да го примат огромното количество врнежи.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра