Живот
4. јуни 2016 - 16:47

Се сокрила под креветот за да види дали нејзиното момче и е верно - од неговата реакција се шокирала

Една девојка дошла на идеја да го тестира своето момче и својата врска и што чуствува кон него: каква била неговата реакција кога таа ќе го остави? 
 
Таа му напишала писмо дека му раскинува и дека и е доста од се и дека не гледа смисла за продолжувањето на нивната врска. Со ова сакала само  да ја види неговата реакција, но навистина не сакала да го остави. 
 
Кога завршила со писмото го оставила на масата каде знаела дека нејзиното момче ќе го најде. Не сакала да ја пропушти неговата реакција, па се сокрила под креветот и чекала: 
 
По некое време нејзиното момче дошло дома. Била нервозна и возбудена. Тој влегол во собата и почнал да го чита писмото. Кога завршил, девојката не можела да верува што слуша. Тој вриштел и го земал телефонот. Слушнала како вели: 
 
„Здраво душо, доаѓам кај тебе. Будалава конечно сфати дека ја изневерувам и си замина. Каква грешка беше нашата врска. Многу сум среќен што е крај. Се каам што тебе порано не те запознав. Се гледаме наскоро“. 
 
Девојката била во шок, и не можела да верува дека ова се случува. Останала да лежи под креветот неколку минути од шокот. Нејзиното момче ги собирало работите од собата, кога излегол од станот, почнала да плаче и полека излегла од креветот. 
 
Си дошла при себе  и ја погледнала собата. На масата се наоѓало уште едно псимо. Било тоа од нејзиното момче , за неа. Го отворила и почнала да чита. Кога го завршила се почуствувала многу посрамотено, но сепак почуствувала олеснување. Колку глупо и да е во писмото ова го пишувало: 
 
- Буфону еден, следен пат кога ќе сакаш да ме зафркнеш, провери дали нозете ти штрчат под креветот. Отидов до продавница. Се гледаме наскоро, љубов моја“.