Живот
11. February 2016 - 13:52

Се соблекла гола и седнала на кровот од зградата - Еве зашто!

Лондон го шокираше сцената од кровот на една градска зграда на која седела гола жена! Станува збор за изведувачката Попи Џексон која за манифестацијата „SPILL Festival of Performance” одлучила два дена од 13 до 17 часа да седи гола на кров од зграда.
 
Овој дел од перформансот е наречен „Site“, а Попи на кровот ќе седи уште денес.
 
Станува збор за контровезната артистка која во јавноста е позната откако ги повика жените да ја донираат крвта која ја изгубиле во текот на месечниот циклус. Нејзините фотографии ги преплавиле социјалните мрежи на кои луѓето во неверување прашувале за што се работи.