Македонија
4. December 2019 - 16:46

Се случил ли еколошки инцидент во Охридското езеро?

Еколошки инцидент кај канaлот Студенчишта во Охрид

Опасност од еколошки инцидент кај каналот Студенчишта.Потона руинираниот брод Лихнида по што дел од горивото заврши во водите на Охридското езеро.Од Капетанија на пристаништата кои заедно со наделжните беа на терен најавија дека ќе се дислоцираат сите дотраени пловни објекти кај кои инспекторите за животна средина ќе утврдат причини за евентулани можни последици од излевање  на нафта и загадување на животната средина а ќе бидат поднесени и соодветни пријави до сопствениците на пловилата.

Хаварисани пловила оставени на забот на времето имало и порано кај каналот Студнечишта во отсуство на соодветна марина за нивно закотвување. Од ЈП Билјанини извори кое стопанусува со дел од каналот апелираат до наделжните застарените пловила да се извлечат што е можно побрзо за да не дојде до поголем еколошки инцидент.

За жал, не е прв пат гориво да се истура во каналот Студенчишта, со години,  наназад ова место служи за закотвување, но и за поправка на пловни објекти.

Пред две години имаше исто ваков инцидент кај каналот кога потона брод Мис Стон при што се излеа големо количество на нафта.