Балкан
22. August 2016 - 9:00

Се скарал со свирачите па нагазил: Михајло однесе во смрт уште еден живот

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи во селоТолиќ кај Мионица, загинаа Михајло Миловановиќ (40) и Љубомир Ѓуриќ од Обреновац, а целата трагедија прв ја видел помладиот син на Михајло кој со роднината се возел во автомобилот напред.

непосредно пред несреќата целото семејство Миловановиќ се наоѓало на прославата на полнолетството на братучетка на Михајло. По индицентот со музиката, Михајло решил да ја напушти прославата, седнал во возилото и недалеку од ресторанот „Костиќ“ во Толиќ преминал на спротивната лента и директно се судрил со возилото “фиат пунто“ со кое управувал Љубомир Ѓуриќ од Обреновац.

Од силината на ударот фиатот слетал во канал, а двајцата возачи биле мртви на самото место. Според извори од полицијата на местото на несреќата немало траги од кочње.

Илија Вукобратович од Барич, сувозач на Ѓуриќ се здобил со контузија на градниот кош, но не е животно загрозен.

Foto: Telegraf

По обдукцијата ќе биде познато нивното на алкохол во крвта на Миловановиќ. Очевидци ѕврдат дека токму алкохолот е виновен за оваа несреќа.

-Среќа што така бесен и пијан не го зеде цело семејство заедно да се вратат дома, велат очевидци.

Зад Миловановиќ останаа два сина, сопругата Слаѓана и родителите Мирослав и Љиљана.