Свет
3. August 2015 - 9:30

Се шири пожарот во Калифорнија

Двојно поголема е веќе површината зафатена од шумските пожари кои веќе петти ден уништуваат во северна Калифорнија.

Над 20 куќи се уништени и илјадници луѓе се раселени. Во пожарот изгореа 21.853 хектари источно од градот Ловер Лејк. Активни се 21 пожар со кои се борат повеќе од 9.000 пожарникари, јавуваат локални медиуми.

Повеќе од 12.000 луѓе добија наредба за евакуација, додека пожарникарите успеаја да задржат само пет отсто пожари од понатамошно ширење.