Џет-Сет
16. September 2018 - 19:32

Се сеќавате на „Тропска горештина“: Што прават денес Ник Слотер, Силви и Спајдер

Беше една од најпопуларните тв серии во деведесеттите. „Тропска горештина“ ги одбележа кариерите на Роб Стјуарт, Керолин Дан и Иан Трејси, а се емитуваше од 1991. до 1993. година.
 
Ник Слотер, Силви и Спајдер беа главните ликови кои со своите случки во „Тропска горештина“ го привлекоа вниманието на тв гледачите. Тоа беше една од оние „инстант“ популарни серии кои се гледаа со очекување и возбуда.
 
Роб Стјуарт (Ник Слотер) по „Тропска горештина“ сними неколку нискобуџетни филмови и серии. Минатата година ја добил главната улога во серијата „Килџојс“ која престанала да се снима после две сезони.
 
Иан Трејси (Спајдер) добивал епизодни улоги во помали серии и филмови. Најголем успех му е улогата во филмот „Open Range“ со Кевин Костнер.
 
Керолин Дан (Силви) по завршувањето на серијата се откажала од глумата. Се преселила во Канада, Нова Шкотска, и отворила клиника за алтернативна медицина.