Живот
16. јуни 2019 - 14:27

Се сеќавате на дивото девојче пронајдено во стан во Москва: Љубов наполни 6 години и почна да зборува

Русија на почетокот на март ја згрози случајот со девојчето Љубов кое беше пронајдено само во еден московски стан полн со ѓубре и бубашваби.

Беше изгладнета, болна и неразвиена.

Не знаеше да зборува, ниту да спие во кревет. Никогаш не видела овошје и се плашеше од вода. На вратот имала ѓердан кој со години и се врежувал во месото.

Во медиумите го доби прекарот Могли.

Сега конечно стигнаа и добри вести за случајот. Љубов наполни 6 години, а лекарите се задоволни од нејзиниот напредок.

Научи да зборува, да вози скутер, сама да се облекува и да ја намести масата. Се дружи со деца и често шета. Секако, тим експерти ја продолжува работата со неа.

Во центарот за социјална работа во весела атмосфера се прослави нејзиниот роденден.

„Учествуваше во сите игри и им се радуваше на подароците“, наведоа од таму.

Да потсетиме, кога е пронајдена мајката на девојчето, освен што тврдеше дека детето го растела во добри услови, кажа и дека „не знаеш што се случило со станот“.

„Не ме пуштија да си ја видам својата ќерка. Незнам што се случило со станот. Ме уапсија во близина на зградата“, изјави Ирина која е факултетски образована жена, како што се истакнува. Тврди дека девојчето знае да зборува и комуницира.

Целиот случај е откриен кога соседите повикале полиција зошто девојчето постојано плачело.