Џет-Сет
9. November 2017 - 17:11

Се сеќавате ли на неа? Беше голема музичка ѕвезда, а денеска ужива во обработување на земја

Децата на Сања Долежал, ќерката Лана и синот Лука доволно се големи  и возрасни па мама не мора да биде постојано покрај нив и затоа Сања одлучила повеќе време да престојува во својата оаза на мирот на село. 
 
Обработување на бавчата и станало главна занимација и се пофалила дека оваа година и пораснале краставиците и доматите, но немала успех со тиквите. 
 
- Во моето мало место, има слаткарнца, ресторан и кафе бар и тоа е тоа. Автомобил не ми треба бидејќи имам 5 минути одење до продавницата,но и тоа не ми треба бидејќи јас си месам леб, имам и домашно месо... Воглавно, кога одам да прошетам низ селото одам на шопинг. Сега во бавчата имам краставици, домати, зелена салата, раскажала Сања за хрватските медиуми