Се роди со обичен белег на окото, а потоа следуваше кошмар
Кога Колби Рамос -Францис дојде на свет, имаше мал белег на десниот очен капак. Мајката Ејми и нејзиниот маж во почетокот беа пресреќни бидејќи добија преслатко дете.
Но само неколку недели, белегот се претвори во џиновски тумор.
На малиот Колби туморот мораше да му се отстрани што побрзо за да не го изгуби видот.
За жал, родителите со бебе живееле во Англија, каде ниту еден лекар не смеел да се осмели за ваква операција. Спас побараа во САД, каде пронајдоа хирург кој ќе го оперира малото момче.
Во февруари дојде и тој момент! Д-р Милтон Варнер и неговиот тим го оперирале Колби и ја отстраниле опасноста. Целата интервенција траела дури 3 часа.
Најдобра работа во целата приказна е што родителите не морале да платат ништо.
Комплетните трошоци во висина од 15.000 долари ги покрила фондацијата ”Little Baby Face Foundation”.
Видеото ја покажува битката на малечкиот Колби и опоравувањето по сложената операција.
Ново на Сител
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици