Живот
25. February 2017 - 21:45

Се роди бебе тешко 368 грама, никој не се надеваше дека ќе преживее

Интен Мартинс од Чикаго се породила во 23 недела од бременоста и го родила најмалото бебе од 368 грама кое во болницата некогаш се родило.

Малата Еријана 4 месеци се борела на интензивна нега и докторите и давале само 17% шанса дека ќе ја преживее првата ноќ по раѓањето. Никој не се надевал на среќен крај.

dusa 1

По 140 дена поминати во болница, бебето било во стабилна состојба.

Родителите долго време не смееле да го допрат своето бебе бидејќи кожата му била премногу тенка и можеле да ја повредат. Денес малата Еријана Мартинс изгледа како и секое друго бебе, нормално пие млеко од шише, стиска со малите рачиња и заинтересирано ја набљудува околината околу себе.

dusa 2

-Ова е навистина чудо и благослов. Среќна сум што и двете сме добро. Ова беше голема битка, вели низ солзи мајката.