Македонија
4. September 2017 - 15:51

Се реконструира зградата на Противпожарната единица од Кавадарци

Почна реконструкцијата на зградата во која е сместена Противпожарната единица од Кавадарци. Градоначалникот Александар Панов рече дека очекува објектот да биде готов до крајот на неговиот мандат.

- Имавме во план во изминатиот период да градиме нов објект на друга локација. Но, заради невозможноста поради Деталниот урбанистички план, се одлучивме за реконструкција на оваа единствена нереконструирана институција. Очекуваме до крајот на мандатот да имаме реконструирани простории, истакна тој.

Освен што го означи почетокот на реконструкцијата на зградата, градоначалникот Панов на Противпожарната единица и донираше специјални ножици за интервенција при несреќи. 

Ножиците чинат 450 илјади денари.