Се реконструира ученичкиот дом во виничкото село Блатец
Започнаа градежните работи за реконструкција на ученичкиот дом во селото Блатец, за што Општина Виница доби грант во висина од 2,1 милион денари од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Реконструкцијата ќе се одвива во две фази, при што ќе се заменат прозорците и вратите, ќе се реновираат ентериерот и тоалетите, а ќе се обнови и фасадата и дел од кровната конструкција, за што со средства од општинскиот буџет ќе учествува и локалната самоуправа.
Со тоа за учениците со посебни потреби кои се сместени во домот, како и за децата од градинката што работи во истата зграда, ќе се обезбедат подобри услови за учење и престој.
– Објектот е изграден во средината на минатиот век и за целиот тој период само еднаш имало градежна интервенција за негова адаптација. Во моментот овде се сместени седум ученици со посебни образовни потреби, а капацитетот е за 30, така што со реконструкцијата ќе се создадат услови бројот да се зголеми, истакна Иванка Спасовска, наставник во ученичкиот дом.
Во ученичкиот дом во Блатец се сместени деца од Виница и од соседните општини Кочани и Пехчево, кои следат настава од прво до деветто одделение.
Во детската градинка во Блатец, што се наоѓа во тој објект, престојуваат 15 дечиња, а за делот на градинката веќе беше извршена реконструкција на дрвената столарија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација