Се реконструира ученичкиот дом во виничкото село Блатец
Започнаа градежните работи за реконструкција на ученичкиот дом во селото Блатец, за што Општина Виница доби грант во висина од 2,1 милион денари од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Реконструкцијата ќе се одвива во две фази, при што ќе се заменат прозорците и вратите, ќе се реновираат ентериерот и тоалетите, а ќе се обнови и фасадата и дел од кровната конструкција, за што со средства од општинскиот буџет ќе учествува и локалната самоуправа.
Со тоа за учениците со посебни потреби кои се сместени во домот, како и за децата од градинката што работи во истата зграда, ќе се обезбедат подобри услови за учење и престој.
– Објектот е изграден во средината на минатиот век и за целиот тој период само еднаш имало градежна интервенција за негова адаптација. Во моментот овде се сместени седум ученици со посебни образовни потреби, а капацитетот е за 30, така што со реконструкцијата ќе се создадат услови бројот да се зголеми, истакна Иванка Спасовска, наставник во ученичкиот дом.
Во ученичкиот дом во Блатец се сместени деца од Виница и од соседните општини Кочани и Пехчево, кои следат настава од прво до деветто одделение.
Во детската градинка во Блатец, што се наоѓа во тој објект, престојуваат 15 дечиња, а за делот на градинката веќе беше извршена реконструкција на дрвената столарија.
Ново на Сител
-
Бразилскиот претседател Лула е подготвен да посредува меѓу Русија и Украина, нема да испраќа тенковска муниција во Киев
-
Продолжува потрагата по пилотот на грчкиот воен авион што се урна вчера
-
Морето исфрли угинат кит на брегот кај Њујорк
-
Дончиќ го израмни рекордот на Леброн Џејмс
-
Фарах годинава ќе се се пензионира
-
Левица: Најпосле, Владата ги објави платите и имињата на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати
-
Северна Македонија на 85 место според индексот на корупција на ТИ
-
Сојуз на средношколци: Да се реши проблемот во МИГ – Учениците немаат настава по осум стручни предмети