Се реконструира ученичкиот дом во Кавадарци
Се реконструира ученичкиот дом во Кавадарци, проект на Владата и Министерството за образование и наука вреден околу пет милиони денари. Се менува столаријата, се реновираат санитарните јазли. Увид во работите денеска изврши кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.
Со средства од општината, претходно беше извршена замена на подовите во домот. Панов информираше дека со финансиски средства од локалниот буџет ќе се набават нови душеци за креветите во интернатот.
- Со тоа ќе имаме комплетно реконструирани институции од ваков вид во општината, без разлика што домот не е под надлежност на локалната самоуправа, нагласи градоначалникот.
Директорката Трајанка Толева појасни дека се реновира целиот втори кат, 14 простории плус ходници. Ова е прва реконструкција во домот кој постои околу четири децении.
Советникот во Советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев, потсети на времето кога и самиот престојувал во овој дом, посакувајќи учениците кои престојуваат тука, да имаат што е можно подобри услови за живот додека се школуваат.
Капацитетот на ученичкиот дом е сто ученици. Реновирањето треба да заврши до крајот на август.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација