Македонија
14. October 2016 - 15:45

Се реконструира регионалниот пат Штип-Карбинци

Почна реконструкцијата на регионалниот пат Карбинци-Штип во должина од над 400 метри. Градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов денеска информира дека  инвестицијата чини седум милиони денари, а средства се обезбедени од  Министерството за транспорт и врски, преку Програмата за работа  на ЈП „Македонија пат“.

Замената на старата коцка со асфалт, според него, значително ќе ја подобри сообракајната комуникација на жителите од општина Карбинци.

- Тоа значи дека од денеска граѓаните ќе заштедат на време за исполнување на своите секојдневни обврски патувајќи по овој регионален патен правец. Најважно е што замената на старата гранитна коцка со асфалт го решава проблемот со со брзата амортизација на возилата, вели Минов.

Асфалтирањето на регионалниот патен правец и решавањето на деценискиот проблем го поздравија и жителите на Карбинци

Минов информира дека во тек е и асфалтирање  на  патот до карбинското село Вртешка.