Се реконструира патниот правец Градско- Дреново
Патниот правец Градско-Дреново ќе добие нов асфалт и нова патна сигнализација. Денеска започнаа работите на патот кој минува низ територијата на општината Росоман. Работите се во рамки на реконструкцијата на магистралниот пат Градско-Прилеп, проект на Министерството за транспорт и врски. информира за МИА Ѓорѓи Крстевски, портпарол во росоманската локална самоуправа.
- Ќе се асфалтира магистралниот пат од Градско до Росоман, ќе се прошири, реконструира и асфалтира делот кој минува низ Росоман, за на крај да се продолжи со реконструкција и асфалтирање до селото Дреново,соопшти портпаролот на Општина Росоман Ѓорѓи Крстевски.
Тој појасни дека во делот на населеното место Росоман, патот ке се прошири по 1.5 метар од двете страни или вкупно 3 метри. - Со тоа би се зголемила безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот. Паралелно со овој проект, на овој магистрален пат работи и општина Росоман со изградба на атмосферска канализација и доизградба на тротоари, нагласува Крстевски.
Тој додаде дека општина Росоман заедно со Владата на Република Македонија како и минатите години, засилено работат на инфраструктурни проекти со кои би се подобрил животот на населението во општина Росоман.
Ново на Сител
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона