Се реконструира црквата „Свети Димитрија” во Кавадарци
Мајстори и уметници интензивно работат на реконструкцијата и на фрескоживописот на храмот посветен на великомаченик Свети Димитриј во Кавадарци.
Надворешните ѕидови на храмот целосно се ѕидаат со камен, а во внатрешноста веќе се завршени повеќе композиции од фрескоживописот.
- Сите се радуваме како напредува реконструкцијата на црквата, со помош на нашиот заштитник Свети Димитриј. Мајсторите самите се вживуваат во изградбата на овој прекрасен храм. Уметниците интензивно сликаат. Се надеваме до година изградбата да биде завршена и да ја осветиме, рече старешината на црквата, отец Мартин Деневски.
Сите кои сакаат, можат да се вклучат во реновирањето на храмот со свои донации.
И покрај реновирањето, верниците можат да ја посетат црквата секој ден и за празници.
Ново на Сител
-
Осум лица загинаа во напад на синагога во Ерусалим
-
Времето денес ќе биде променливо облачно и студено
-
Пендаровски: Нема да им биде дозволен влез на 4 февруари на лицата со лоши намери кон нас
-
Николоски: Не можам да го препознаам Таравари
-
Терористички напад во Ерусалим | ВИДЕО
-
Ивановски се бори за нов трофеј во Тунис
-
АО: Финале Ѓоковиќ - Циципас
-
НБА: Леброн и Јанис ги одбраа петорките за Ол-стар викендот