Бизнис
8. July 2016 - 20:13

Се реализира ветувањето за нов водовод во Долно Количани

За пет месеци жителите на Долно Количани ќе добијат нов водоводен систем. Стартуваа подготовките за  изградба на цевководот со кој ќе се реши проблемот на жителите во селото, кои постојано се соочувале со недостиг на вода за пиење. Како што посочи министерот за транспорт Мисајловски проектот е барање на жителите кое во август лани било посочено на тогашниот премиер Груевски, иако станува збор за обврска на самата општина.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени веднаш по посетата на Груевски, но изградбата била одложена поради некомплетното одобрение за градба кое го издала општината.

За подобрување на водоводната инфраструктура во селото  Долно Количани во општината Студеничани, ќе бидат инвестирани околу 100 000 евра.