Џет-Сет
19. јуни 2017 - 16:52

Сe разведува со Аца само за да биде со овој кошаркар!

Во медиумите во последните неколку дена на големо се шпекулира за развод на познатиот брачен пар, пејачот Аца Лукас и Соња Вуксановиќ.

Како што пишува Информер, Соња веќе со месеци е во тајна врска со славниот кошаркар Марко Јариќ, поранешен сопруг на најубавата жена на светот, Адријана Лима.

Наводно Соња токму поради Јариќ одлучила да стави точка на бракот со Лукас, а таа пред неколку дена со ќерката ја напуштиле Србија, додека пејачот останал во Белград.

Инаку, Лукас и Соња веќе подолго време не објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, а не се појавуваат и заедно во јавност.