Џет-Сет
17. March 2016 - 10:03

Се разведува пејачот Маринко Роквиќ - Еве ја причината!

Фолк пејачот Маринко Роквич решил да се разведува од својата сопруга Славица. 

Тие двајца подолго време живеат одвоено бидејќи Славица го напуштила кога сфатила дека има авантура со непозната девојка. 

- Сопругата на Маринко пред некое време си ги спакувала куферите и го напуштила нивниот заеднички дом бидејќи не можела да ги поднесе неговите изневерувања. Таа дознала за авантурата со една девојка со која е уште заедно.

За ова заминување ги известила и синовите Никола и Марко на кои отворено им објаснила која е причината за нејзиното заминување, вели близок извор до семејството.