Се разведува Борис Џонсон
Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон се разведува од сопругата Марина Вилер со која беше во брак 25 години.
Двајцата во заедничкото соопштение наведуваат дека веќе извесен период живеат раздвоени и дека неодамна бил покренат процес за развод. Според британските медиуми, причината за разводот е ново во серијата неверства на Борис, кој досега неколку пати се разделуваше од сопругата за подоцна да се помират.
- По 25 години брак, пред неколку месеци одлучивме дека е најдобро да се разидеме. Се договориме да се разведеме и овој процес е во тек. Како пријатели ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите четири деца, стои во соопштението на Џонсон и Вилер.
Тие потенцираат дека во иднина нема да ги коментираат информациите за овој случај.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море