Бизнис
17. August 2019 - 19:11

Се разгорува ли трговската „војна“ меѓу Македонија и Косово?

Дали Македонија и Косово се на прагот на нова трговска војна? Министерот за земјоделство Димковски очекува проблемот да биде надминат. Приштина пак не попушта. Властите таму велат дека се додека во земјава е забранет увоз на икри и млади риби од Косово нема да увезува мед и компир од Македонија. Министерот Димковски вели дека по средбата во понеделник  со министерот за економија Бектеши и директорот на АХВ ќе се знае што точно ќе биде преземено понатаму.

Косовоските власи пак сметаат дека забраната за увоз на компир и мед од Македонија е во согласност со Цефта договорот.

Од Агенцијата за храна пред извесно време соопштија дека забраната не се однесува само на  Косово туку на сите земји кои според листата на светската организација за здравствена заштита се со непозната здравствена исправност.

Бизниз заедницата во земјава пак апелира до власите на двете земји да носат разумни одлуки бидејќи со блокирање на трговијата може само да му се наштети на бизнисот.

Македонија во Косово извезува од 40 до 1.000 тони компир, а извозот на мед е околу 400 илјади евра.

Ова не е прв пат Косово да воведе вакви мерки. Минатата година власите во Приштина воведе повисоки царини за македонските земјоделски производи, пред некоку години воведе ембарго за увоз на брашно, жито, сокови, алкохол, тутун, вино. Освен со Македонија лани Косово влезе во трговска војна и со БИХ и со Србија откако воведе 100  отсто царина за увоз на прозводи од овие две земји.