Се разгледува можноста за авиолинија Скопје – Тел Авив
Можноста за воспоставување нова директна авиолинија од Скопје до Тел Авив, била тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со почесниот конзул на нашата држава во Израел, Шломо Грацијани, и со директорот на Директоратот за воневропски држави, амбасадорот Пајо Авировиќ.
Од Министерството за транспорт и врски соопштија дека Сугарески ги презентирал можностите и условите за воспоставување линии од двата аеродрома.
-Развојот на авиосообраќајот е стратешка определба на Владата и нашите активности се насочени кон проширување на мрежата на дестинации достапни за граѓаните, преку воспоставување нови директни авиолинии и интензивирање на соработката со останатите земји во светот. Оваа средба беше одлична можност заеднички да ги разгледаме условите за воведување на нова авиолинија Скопје – Тел Авив, која би била од бенефит за двете земји, изјавил министерот Сугарески.
Воспоставувањето на оваа линија, оценил ресорниот министер, ќе придонесе за развој на туризмот, зголемување на економската соработка и промоција на културните вредности и природни богатства на двете земји.
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи