Живот
17. April 2017 - 21:37

Се разбуди по 12 години во кома: Ги отвори очите и изговори нешто што ги шокираше сите

Мартин Писториус од Јужна Африка бил типично момче кое обожувало да си игра со разни уреди, најмногу со транзистори и телевизори. Неговото идилично детство било прекинато од мистериозна болест. Кога имал 12 години еден ден дошол дома од училиште со болка во грлото, но неговата мајка не обрнувала премногу внимание на тоа, мислејќи дека ќе му помине со малку мед и чај. Меѓутоа неговата состојба се влошила до момент кога повеќе не можел да оди, ниту да стои, ниту пак да зборува. Лекарите претпоставуваат дека заболеле од криптококален менингитис, а пред да успеат нешто да преземат, детето паднало во кома.

Во раниот период од комата, Мартин не бил свесен за ништо. Неговото семејство организирало посебна нега околу него, од бањање, хранење со помош на цевчиња, вртење... Но кога имал 16 години Мартин наеднаш се разбудил - односно станал свесен за се што се случува во неговата околина. Сепак и натаму не можел да зборува, да се движи, ниту да комуницира со семејството или на било кој начин да им каже дека е „тука“. До тој момент поминале цели 8 години ропство во сопственото тело.

Го злоставувале во домот за немоќни

Како што немале можност за попладневна грижа за него, Мартин родителите во текот на работното време го оставале во посебниот институт. Во докментарецот семесјтвото Писториус и самиот Мартин откриваат детали од нивниот живот.

-Мразев да бидам во центарот за нега, беа ужасни кон мене. Мојот татко откако се разбудил и им открив што се случуваше, сите ги пријави, иако тие демантираа. Нема што не ми правеа, ме влечеа за коса, ме удираа со метална лажица по забите за да јадам. Често ми даваа жежок чај, ме шамараа, се однесуваа како да не се луѓе, рече Мартин.

Освен тоа, се пожали и на сексуално злоставување кога една од вработенитените дома го опчекорила и на неговото тело симулирала секс и го допирала по гениталиите.

-Ми го оставаа телевизорот запален цело попладне. Секој ден програмата беше иста, диносаурусот Барни. Боже колку ја мразев таа емисија, се сеќава тој.

„Се надевам дека ќе умреш“

Од се што доживеал во своето заробено тело во кома, како најболен момент ги наведува зборовите кои ги изговорила неговата мајка. Имено, таа во еден момент стоела над него, бришејќи го со крпа и гледајќи го неговото безживотно тело и изговорила „Се надевам дека ќе умреш“.

Мартин тоа го слушнал и му се врежало во паметењето. Иако тоа него тогаш ужасно го растажило, денеска потполно ја разбира.

-Најлошо ми беше што не можев да ја гушнам и да и кажам дека убаво се грижи за мене, дека сум и благодарен, низ солзи објаснува Мартин.

По бројните години, цели 12 години кома, некои работници во домот забележле дека има промени во неговото однесување и дека почнал да обидува да комуницира. Набрзо ги известиле родителите, па Мартин во 25. година добил компјутер со комуникациски софтвер, со чија помоѓ и денеска комуницира со луѓето.

Успеал да ги унапреди и своето движење со разни терапии, а преку интернет во 2008 година ја запознал и својата идна сопруга поради која се преселил во Велика Британија. За него секоја година донесува барем некој напредок, па така во 2011 година успеа да ја врати контролата врз рацете и гласот и ја напиша автобиографијата “Ghost boy” (Детето дух) по која се планира и снимање на филм.