„Се разбуди“ најголемото легло на змии во светот
Змиите во канадската рурална област Нарсис секоја пролет изведуваат необичен ритуал, кога илјадници шарени влечуги почнуваат да излегуваат од под земјата создавајќи глетка која кај многумина предизвикува паника.
Причината поради која сите змии излегуват наеднаш е парењето, па така по осум месеци хибернација тие ја користат пролетта за да добијат свои потомци.
Овие змии живеат во вистински лавиринт од подземни тунели во канадската покраина Манитоба. Иако има илјадници змии, вкупната површина на која тие живеат под земја не е поголема од просечна дневна соба.
Откако ќе почнат да излегуваат од под земја, мажјаците бараат женки со кои би се пареле. Илјадници змии кои ползат едни крај други во потрага за потенцијален партнер претставува несекојдневна фасцинанта глетка.
За жал, не успеваат сите мажјаци да пронајдат женка за парење, што воопшто не е изненадувачки ако се има предвид дека односот на мажјаци и женки е десет према еден.
По неколку месеци на свеж воздух во септември змиите повторно се враќаат под земја до следната пролет.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација