Свет
10. March 2018 - 17:19

Се разбуди џинот во Јапонија: Вулкан еруптираше, лавата потече, властите предупредија за опасноста

Властите во Јапонија ги предупредија граѓаните на опасноста од големи камења во радиус од четири километри од вулканот Шинмоедак, кој денеска еруптираше. 

Вулканот е висок 1.421 метар и веќе со денови исфрла песок.

Според експертите, вулканската активност може да трае уште неколку месеци.

Јапонската државна метеоролошка агенција денеска издаде ново предупредување, укажувајќи дека камењата може да паѓаат и до четири километри оддалеченост од вулканот.

Шинмоедак, кој се наоѓа во близина на островот Ксушу, е еден од 110-те активни вулкани во Јапонија.