Се разбоелел од рак на белите дробови, па одлучил на сите да им ги покаже последиците од пушењето
Експертот за боречки вештини, Ентони Пилаж, во својот живот испушил повеќе од 300.000 цигари.
Откако му било дијагностицирано редок облик на рак кој му е на срцето и белите дробови со големина на грејфрут, Ентони почнал да снима видеа преку кои ги предупредува останатите пушачи на последиците од пушење цигари.
Почнал да пуши кога имал 17 години, а следните 36 години пушел по две кутии на цигари на ден. Денес има 57 години, а дијагнозата ја добил пред 4 години. Иако бил подложен на операции и радиотерапии, во 2015 година докторите му предвиделе дека ќе живее уште шест месеци. По таквите прогнози, го променил животот, преминал на веганска исхрана, почнал да користи масло од канабис и холистички третмани, а пие повеќе од 100 витамини и суплименти на ден, пишува Метро.
Помеѓу останатото, споделил и видео на кое се гледа како се бори да земе ваздух.
„Објавив видео во кое се гледа како трпам силни болки и не можам да дишам за да ви покажам што може пушењето да ви направи. За само два дена видеото имаше повеќе од 100.000 прегледи. Повеќе од 600 луѓе ми кажаа дека претсанале да пушат и јас им верувам. Уште повеќе признаа дека се советувале со доктор за откажување од пушењето. Незнам колку време ми остана, но сакам да го искористам за да ја пратам својата порака, раскажува тој.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање