Македонија
7. February 2019 - 10:44

Се расчистува депонија во населбата Лисиче

Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ деновиве ја расчистува депонијата во населбата Лисиче, на раскрсницата меѓу улиците „Ернест Телман“, „Тодор Чангов“ и „Богомилски Поход“.

Во расчистувањето на локацијата се вклучени сезонски работници од Општина Аеродром, како и механизација на ЈП „Комунална хигиена“.

Општина Аеродром, како што информираат оттаму, во изминатиот период ги детектираше сите диви депонии на нејзината територијата и во неколку наврати спроведе активности за нивно расчистување.

Комуналните инспектори вршат редовна контрола на теренот, со цел да се спречи создавање нови депонии. Општината, истовремено, ги повикува граѓаните, доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации да пријават на телефонскиот број 075 316 515.