Македонија
6. September 2016 - 15:48

Се проверува случајот на гушење на дете од торта од слаткарница

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денеска спроведоа детална инспекциска контрола во позната скопска слаткарницата, по вчера поднесената претставка во доцните попладневни часови до Одделението за заштита на потрошувачите при Агенцијата од страна на загрижен родител, кој пријавил гушење кај неговото дете, по консумација на торта купена од слаткарницата.

Според наводите во претставката, информираат од АХВ, до гушење на детето дошло поради присуство на парчиња стиропор во тортата.

- Резултатите од направената контрола од страна на инспекторите за храна, по поднесената претставка од потрошувачот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги добие најрано во текот на утрешниот ден, соопшти АХВ.