Балкан
23. February 2018 - 8:41

Се прости на шест страни: Јауковиќ пред нападот на амбасадата во САД оставил проштално писмо на своето семејство

Далибор Јауковиќ кој фрли бомба врз Амбасадата на САД во Подгорица, па самиот се разнесе, при што телото му го најдоа на околу 30-ина метри, оставил проштално писмо на шест страници.
 
Некои медиуми во Србија јавуваат дека тој не сакал да се разнесе самиот, туку по грешка ја активирал бомбата додека била кај него.
 
Тој во писмото го моли семејството за прошка, и ги опишува личните и политичките ставови.
 
Според полицијата, токму писмото ќе го даде мотивот за настанот