Се продлабочува австралиската криза за двојните државјанства
Кризата поврзана со државјанствата, што ја погоди Владата на австралискиот премиер Малком Турнбул, денеска се продлабочи откако пратеничката Џеки Ламби, беше принудена да го напушти Парламент.
Централно десничарската Влада на Турнбул, веќе го изгуби мнозинството во Парламентот, бидејќи остана без четири свои, од вкупно осум, пратеници кои се исфрлени или го напуштиле Парламентот во текот на изминатите недели бидејќи имаат двојно државјанство.
Двојното државјанство е забрането со австралискиот Устав, се цел да се спречи пристрасност.
Ламби, независната сенаторка за австалиската островска држава Тасманија, денеска потврди дека таа е осмиот пратеник во 226-члениот Парламент што е погоден со законот за двојно државјанство, додека политичките аналитичари предупредуваат дека истото ќе се случи со многумина пратеници.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот