Свет
1. February 2017 - 11:57

Се продлабочува аферата Фијон

Кандидатот на десницата, Франсоа Фијон, тоне во подлабока криза. Неговата сопруга, Пенелоп, осомничена за фиктивен работен однос како парламентарна соработничка. Таа зела околу 900.000 евра бруто плата како соработничка на нејзиниот сопруг и неговиот заменик, како и од списанието „Ревијата на двата света“, тврди денешен Канар аншене, кој минатата недела ја откри оваа афера, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според сатиристичниот весник, кандидатот на десницата за претседател исто така вработил две од своите деца како парламентарни соработници, кога тој беше сенатор во периодот меѓу 2005 и 2007 година. Неговата најстара ќерка, Марија и синот Чарлс заедно добиле бруто плата од 83.735 евра бруто за 21 месец.

Откако минатата недела весникот зборуваше само за „500.000 евра бруто плата", сега таа е проценета на 831.440 евра за Пенелоп Фијон како парламентарен помошник на својот сопруг или неговиот заменик, Марк Жуло, бидејќи надоместот се однесуваа на многу поширок периодот до 2013 година.

Сопругата на кандидатот на десницата исто така, добила околу 100.000 евра бруто за работа во Ревијата на двата света, односно 5000 евра бруто месечна плата помеѓу мај 2012 и декември 2013 година.
Односно за сите работните места, на Пенелопе Фијон, за што сега се води судска истрага, и биле платени околу 930.000 евра бруто плата.

Овие нови откритија се направени за време на претресот во канцеларијата на Франсоа Фијон во Националното собрание. Истрагата треба да утврди дали Пенелоп Фијон биле навистина активен парламентарен соработник во текот на годините кога била платена како парламентарен помошник на својот сопруг во Националното собрание, а потоа и на Марк Жуло, најпрво од 1998-2007 но и потоа 2012-2013 кога поранешниот премиер на Никола Саркози се врати во опозицијата како пратеник.

Двете нивни деца вработени во периодот меѓу 2005 и 2007 година, Марија и Чарлс Фијон, според Канар аншене не вршеле „специфични задачи" за својот татко, како што тој тоа го рече во четвртокот минатата недела на телевизијата ТФ1, но тие биле ангажирани за работа со полно работно време. Франсоа Фијон, исто така, увери дека тие биле „адвокати", кога тие се уште не биле дипломирани.

Франсоа Фијон се брани дека неговата сопруга и деца егфективно работеле за него, но испитувањата покажуваат дека 76 отсто од Французите не се убедени од неговата одбрана.