Бизнис
1. September 2017 - 20:12

Се пробива новиот експресен пат Штип – Кочани

Во тек е изградбата на експресниот пат Штип-Кочани. Градежните компании ја пробиваат трасата од новата клучка над штипската населба Три Чешми до селото Крупиште во општина Карбинци, во должина од околу 14 километри. ЈП за државни патишта и општина Штип ги повикуваат граѓаните кои се засегнати да го искористат периодот за жалби и поплаки кој завршува до 11 септември.

- Засегнатите граѓани кои имаат имоти или локации на трасата или во близина на истата, и имаат во план да поднесат забелешка или жалба по истата во врска со земјиштето, да дојдат во Општина Штип и да пополнат формулар, кој локалната самоуправа ќе го достави до ЈП за државни патишта.-изјави Драган Ристов, портпарол на ЛС –Штип

Експресниот пат Штип – Кочани е со широчина од 12 метри и вкупна должина од 28 км.  Тоа е комплетно нова траса со која се избегнуваат населените места заради безбедност на населението.