Loading Video...
Бизнис
3. September 2019 - 19:33

Се пријавуваат како активни баратели на работа, а ја одбиваат кога ќе им се понуди

Прилепските компании, како и останатите во Македонија се повеќе се соочуваат со голем недостиг на работна рака. Главни причини за тоа се ниските плати и масовното иселување од Македонија. Од Регионалната стопанска комора велат дека иако нив им недостасува работна сила во АВРМ Прилеп биле пријавени 6.964 активни баратели кои не сакале да одат на работа кога истата ќе им биде понудена. Од 1 септември пак ќе се воведе закон ако 2 пати одбијаш понудена работа да го изгубиш правото на социјална помош.

„Време е сите сегменти, синдикатот, работниците, Фондот за здравство, инспекторатот, стопанството да ја ревидираме ситуацијата во нашиот град, да видиме која е таа работна сила и стварно од нас да направиме работна нација, а не мрзлива“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора.

Во Прилеп немало реална перцепција која е понудата и побарувачката на пазарот на труд и затоа сега се прибирале информации кои профили на работници им се потребнии на компаниите во наредните 5 години. Од Здружението „Достоинствен работник“ пак бараат освен економски, општината да направи и социјален совет.

„Каде што ќе бидат вклучени и синдикатите и здруженијата кои работат во областа на трудовото право, но исто и работодавачите, а со тоа да се подигне нивото на правата на работниците“, кажа Рубинчо Аризанкоски, Здружение „Достоинствен работник“.

Општина Прилеп пак многу не е заинтересирана за оваа идеја.

„Во тој случај би изгрувал некој посредник како градоначалник, тоа го прави Владата. Синдикатот е посебна организација на ниво на држава и тој може да кореспондира со Владата и стопанските субјекти“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Работниците пак едногласни без поголеми плати иселувањето од Македонија ќе биде се помасовно.