Балкан
23. February 2019 - 15:34

Се превртуваа камиони, паѓаа дрва, хаос во сообраќајот - силно невреме на Балканот

Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора беа погодени од силна бура која предизвика проблеми. Во делови на Далмација дува силен ветер, а утрово во Сплит ветрот дувал со речиси 176 километри на час.

Бурата во Далмација е најголемата што досега е измерена во овој град, пишуваат хрватските медиуми. Во Сплит паѓаа гранки, контејнери и дрва на партиштата, а ветрот собори и сообраќајни знаци, пишува „Далмација данас“. Поради силната бура, во прекин се траектите кон островите, а забележани се и неколку потонати јахти.

Во Хрватска бројни патишта се затворени за сообраќај.

Во текот на ноќта, силен ветер дуваше и во Херцегнови кој направи големи проблеми во сообраќајот, а едно лице е повредено.