Македонија
19. December 2018 - 12:38

Се преврте „тико“, 21-годишно момче со тешки повреди во болница

Синоќа веднаш после полноќ на патниот правец Битола – Прилеп, пред клучка „Могила“ М.Н.(21) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „тико“ со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и тоа се превртело.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.