Македонија
19. November 2018 - 9:52

Се преврте „мерцедес“ на патот Кадино-Миладиновци, возачот тешко повреден

Вчера во 07.00 часот на локалниот пат село Кадино- село Миладиновци, скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(47) од Скопје излетало од коловозот и се превртело.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Т.Т. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот.