Свет
6. April 2017 - 11:39

Се преврте двоспратен автобус, 11 повредени

Несреќите во градскиот сообраќај во Хонгконг се реткост.

Инцидентот се случил околу полноќ во центарот на градот, а полесно се повредени шест мажи и пет жени.

Се уште не е утврдено што ја предизвика несреќата, а според првичните информации се сомнева дека возачот изгубил контрола врз возилото.