Балкан
25. July 2019 - 15:59

Се преврте автобус во Врање - 23 војници повредени

Најмалку 23 српски војници се повредени откако се преврте автобус во близина на Врање. Несреќата се случила околу 12.30 часот и повредените војници се хоспитализирани, јавија српски медиуми.

Автобусот се движел од правец на Големо Село кон Врање. Засега нема информации за состојбата на повредените.