Свет
1. August 2016 - 8:34

Се предадоа сите напаѓачи на полициската станица во Ереван

Сите 20 напаѓачи, кои речиси две недели беа забарикадирани во полициската станица во Ереван им се предадоа вчера на властите, соопшти полицијата. 

- Дваесет терористи се уапсени, се додава во соопштението. 

Напаѓачите претходно вчера ги ослободија последните двајца заложници, откако синоќа во Ереван се одржани нови протести. 

Во Ерменија ситуацијата беше тензична откако група вооружени луѓе зазедоа полициска станица во Ереван на 17 јули, барајќи ослободување на лидерот на опозицијата Жираир Сефилијан. 

Напаѓачите, кои во станицата заплениле арсенал оружје и убија еден полицаец, зеле како заложници четворица лекари, кои постепени ги ослободуваа.