Свет
11. December 2015 - 9:43

Се пребарува езерото во Сан Бернардино

Нуркачи од американското Федерално истражно биро (ФБИ) и шерифската служба го пребаруваат малото езеро во Сан Бернардино, Калифорнија, како дел од истагата за минатонеделната престрелка при што загинаа 14 лица.

Нуркачите бараат компјутерски хард диск, кој можеби е фрлен во езерото до двајцата напаѓачи.

Езерото Секомб се наоѓа во близина на местото на престрелката што се случи на 2. декември.