-->
-->
Се прават напори за повторно пуштање во употреба на Адреналинската патека во Пехчево
-->
Повеќе од една година не работи адреналинската патека и зип-линијата во Пехчево. Како што информираат од Општина Пехчево, причината за нејзино нефункционирање на единствената атракција од ваков вид на крајниот Исток, е непотполната документација за користење на локацијата каде се наоѓа патеката.
-Кога е разработена адреналинската патека и пуштена во употреба, немаше целосна документација, за да биде користена според законите за нејзина употреба. За време на нејзиното користење, дури имаше и постапка за одредена повреда од лице кое се повредило додека ја користело, поради што е стопирано нејзиното користење, истакнаа од Општината.
Земјиштето на кое се наоѓа патеката и зип-линијата е во надлежност на Македонски шуми, до кои како што додадоа од општината е поднесено барање за користење на делот од земјиштето каде се наоѓа патеката, за да можат љубителите на адреналински спортови истата повторно да ја користат.
-Се уште е во процедура постапката за доделување согласност истата да почне повторно. Се надеваме дека многу брзо ќе биде одоговорено по ова барање, за да може барем за сезоната во 2021 година патеката повторно да профункционира. На тој начин ќе се вратат туристите кои се љубителите на адреналиснките спортови, а со тоа ќе заживее и туризмот, додадоа од Општината.
Адреналинската патека и паркот „Езерце“ кој се наоѓа во близина се изградени во 2016 година и нивната изградба чинеше 2 милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата