Живот
18. January 2018 - 17:33

Се прават на Крстовден, а се јадат на Богојавление: Ова предјадење домаќинките го служат во чест на крштевањето на Исус Христос

Иако ги подготвуваме на Крстовден кога инаку се пости, ги јадеме на Богојавление во чест на крштевањето на Исус Христос. Тие се обавезни и на славата Св. Јован. Во народот се познати како пивтии, пачи и слично.

А за нив ни се потребни

-3 суви и 3 свежи свински нозе

-2 пара свински уши

-3 свински опашки

-1 свинска коленица

-бибер во зрно

-сол

-4 главици лук

Подготовка:

Сите состојки убаво се чистат и ставете ги во поголем лонец. Зачинете по вкус и налејте околу 1л. вода. Шпоретот вклучете го на тивко и сите состојки гответе ги 5 часа (зависи од тоа колку ви е месото старо). Во текот на готвењето, од време на време собирајте ја маснотијата и пената која се собира на површината.

Дека пивтиите се сварени ќе знаето кога ќе видите дека место отпаѓа од коските (кренете едно парче, па ако место само се лизне, пивтиите се готови),  а течноста ќе стане леплива. Тогаш тргнете го лонецот од огнот и ставете го на страна да се излади. Ако маста и натаму се собира на површината, соберете ја.

Оладената смеса потоа процедете ја низ густо сито, а местото и коските ставете ги на страна и исечкајте ги на саканите парчиња. Исечканото место, потоа распоредете го во длабоки чинии, врз кои ќе исечкате лук и во секоја чинија налијте од процедената течност.

Така подготвените пивтии оставете ги на тераса или во фрижидер да се изладат во текот на ноќта. Сервирајте со лута алева пиперка одозгора.