Фудбал
25. March 2016 - 15:17

Се повреди Рамос

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не го доигра пријателскиот дуел со Италија поради болки на грбот соопшти Шпанската фудбалска федерација откако капитенот на националниот тим беше заменет на полувремето. 

Средбата  заврши без победник 1-1 а Рамос по средбата се вратил во Шпанија додека репрезентацијата замина за Клуж каде ќе одигра контролен дуел со Романија. 
Капитенот на црвената фурија за репрезентацијата има одиграно 131 меч и со тоа неговиот настап на дербито со Барселона останува под знак прашалник.