Се повеќе високи функционери од Републиканската партија му вртат грб на Трамп
Се поголем број високи функционери на Републиканската партија ја повлекуваат својата поддршка за кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, откако беа објавени видео снимки од 2005 година, во кои тој користи вулгарни термини на сметка на жените.
И покрај тоа што десетина високо позиционирани републиканци изјавија дека на изборите следниот месец нема да гласаат за него, Трамп истакна дека никогаш нема да се повлече од трката за Белата куќа и дека никогаш нема да ги изневери своите гласачи.
Последни, кои му ја ускратија поддршката на американскиот милијардер беа републиканскиот претседателски кандидат Џон Мекејн и поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс.
Мекејн нагласи дека поради коментарите на Трамп повеќе не ми пружа „дури ниту условна поддршка на неговата кандидатура“, додека Рајс изјави: „Доста е веќе! Доналд Трамп не треба да биде претседател. Тој треба да се повлече.“
Републиканскиот сенатор од сојузната држава Њу Хемпшир Кели Ајоти во соопштение наведе: Јас не можам и нема да ја поддржам кандидатурата за претседател на некој што се фали дека ги понижувал и малтретирал жените.
Таа додаде дека сепак нема да гласа за ривалката на Трамп, Хилари Клинтон, туку на гласачкото ливче ќе го напише името на Мајк Пенс, републикански кандидат за потпретседател на САД. Уште неколку републиканци изјавија дека ќе гласаат за Пенс.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка