Се повеќе Херцеговки бараат помош, не можат да купат фустан за матура
Вечерњи.ба - Сараево
Грозницата за матурската вечер почна да „ги тресе” учениците во четврта година во средните училишта. За родителите, секако горди што нивните деца завршиле еден важен период од животот, матурската вечер претставува и удар на семјниот буџет, за кој со месеци се подготвуваат, пишува Вечерњи лист на БиХ.
Притоа, парите кои треба да ги издвојат е релативна работа, зависи од можностите, желбите, навиките и многу други фактори. Иако многу родители се свесни од преголемата галама која се крева околу прославата за овој ден, никој од нив не сака детето да им биде исклучок и да се двои од генерацијата на која припаѓа. Сепак се поголем број од нив не се во можност на своите ќерки да им купат прв свечен фустан во животот, први салонски чевли, чанта, накит и шминка.
За матурските прослави родителите на матурантите треба да издвојат најмалку 300 КМ, а износот може да биде и до 1000 КМ, што за многу семејства е износ кој покрај сите одрекувања не можат да го издвојат, посебно ако земеме предвид дека просечната плата во БиХ е нешто поголема од 800 КМ, а најголем број семејства преживуваат со само 600 до 700 КМ.
Свесни за состојбата во која живееме и фактите дека на девојките матурската вечер им е еден од најважните настани во животот, неколку жени од Мостар лани основале група на социјалната мрежа Фејсбук под името „Матура за 5”.
Целта им била да соберат фустани, одела, чевли, накит и се што е потребно да им помогнат на средношколците кои не се во можност да ги сносат сами наведените трошоци, да заблескаат на матурската вечер.
Својата мисија лани ја исполнија! Им помогнаа на над 100 матуранти лошата финансиска состојба да не ја почувствуваат на свечената матурска вечер, на крајот на средното образовение и влезот во светот на возрасните.
- Минатата година се потпревме само на ХН жупанијата, но нашата акција се прошири на целата БиХ – рече за Вечерњи Матеја Ловриќ, една од покренувачите на оваа акција.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите