Свет
22. November 2015 - 11:29

Се повеќе деца бараат азил во Австрија

Австриските власти се соочени со зголемен број на молби за азил од малолетници кои без родители се упатиле на пат во Европа.

Најголем дел – околу 6.000,  се деца и малолетници со потекло од Авганистан кои дошле во Австрија без родители и побарале азил .

До крајот на октомври надлежните власти примиле од малолетници 6.175 барања за азил. Во споредба со лани тоа е зголемување за 200 отсто.

До крајот на септември во Австрија се поднесени вкупно 56.356 барања за азил од кои само 11 отсто се од лица под 18 години и кои без семејства дошле во Австрија. Најголем дел се бегалци меѓу 14 и 18 години, а 380 се помлади од 14 години.