Бизарно но вистинито
30. јуни 2015 - 23:52

Се породила со царски рез - си дошла дома со ужасни болки па следувал шок

Хаман Махмуд Абдул Карим била примена во болница каде се породила со царски рез и на свет го донела своето бебе. Сепак, она што се случило по породувањето кое поминало без проблеми, го шокираше светот. 
 
Според податоците од светските медиуми, 36-годишната жена кога се вратила дома имала огромни болки во стомакот, бидејќи верувале или не, нејзиниот лекар по грешка го заборавил својот мобилен во неа, а тој почнал да вибрира!
 
- Мојата ќерка имаше ужасни болки. Отидовме на лекар и следуваше шок, раскажала мајката на жената.
 
Лекарите го извадиле телефонот од стомакот, а мајката ги повика да си дадат оставка.